Уживај во професионалните предизвици.

Делувај глобално и сподели знаење.

Аплицирај
LudoTech
351
AdValue
CodeIt
DigitalPresent
Aldea
Frontwise
ItLab
CrazyLab
VisualSide

Отворени позиции во Семос Едукација

Дали ги разгледа нашите отворени работни позиции? Твојата кариера чека на тебе!
sales-specialist
Хонорарен предавач за MS Office (Word, Excel, Power Point)

Како Microsoft тренер, ти ќе бидеш личноста која ја обединува технолошката визија и ги охрабрува сите да ги постигнат своите цели.

Скопје

Хонорарно

Manager of Semos Academies

Semos Education is thriving to provide the best training services possible in the IT industry and we welcome people who can contribute to make sure that everything goes smoothly.

sales-specialist
Sales Specialist

You’ll have the opportunity to work in an international environment, with world-renowned software companies and you’ll help us drive the right IT skills that enable our customers to succeed.

sales-specialist
Microsoft Azure Data Scientist (DP 100)

Ако веќе си ентузијаст за технологија аплицирај и допринеси во охрабрувањето на организациите и поединците за постигнување нешто повеќе.

Скопје

Хонорарно

sales-specialist
Microsoft Azure Data Engineer (DP-203)

Како Microsoft сертифициран тренер, ти ќе бидеш личноста која ја обединува технолошката визија и ги охрабрува сите да ги постигнат своите цели.

Скопје

Хонорарно

Вработување во Семос Едукација

Нашиот тим постојано се зголемува со професионалци и инвентивни умови.

Пронајди ја работната позиција

Пополни ја формата со потребните податоци и прикачи го твоето CV.

Доколку немаме отворена позиција

Прати ни го твоето CV на hr.semosedu.com по што ќе добиеш потврден мејл.

Прво интервју со тимот за регрутација

Сакаат да те запознаат, да дознаат нешто повеќе за тебе, твоето искуство, вештини и мотивација. Ќе ти дадеме и повеќе инфо за нашата компанија како и позицијата.

Case Study или задача

Оние кои ќе го поминат првиот дел од процедурата ќе добијат задача / case study преку кои ќе имаме можност практично да го видиме твоето знаење и искуство.

Понуда за работа

На крајот на кандидатите кои успешно го поминале процесот ќе им дадеме понуда, а на останатите фидбек.

Зошто да станеш дел од Семос Едукација?

Иновативни и креативни тимски играчи.
Години поставување стандарди во едукативната индустрија.
Сертифицирани тренинзи од светски познати вендори.
Земји во кои секојдневно споделуваме знаење.

Семос Едукација е местото каде што ќе имаш можност да напредуваш на професионален и личен план.

Ќе изградиш кариера со поддршка од светски партнерски компании како Microsoft, Adobe, Autodesk и Oracle.
Аплицирај

Поддржувачки тим

Ќе бидеш дел од позитивно и непосредно организациско опкружување.

Вреднувани идеи

Секогаш сме подготвени да ги слушнеме твоите идеи.

Поттикнуваме лидерство

Ќе имаш можност да водиш и да бидеш дел од сериозни проекти.

Ти си промената

Ќе помогнеш во промената на многу животи и кариери во светски размери.

Работа од дома

Поддржуваме и применуваме дигитализација во работењето, како и хибридна настава. Кога ти треба фокус, работи од комфорот на твојот дом или од било каде.

Флексибилно работно време

Опцијата да работиш со флексибилно работно време ти овозможува да си го организираш и планираш времето онака како што сакаш – можеш да започнеш порано со работа и да завршиш порано или пак да започнеш и да завршиш подоцна, не се сомневаме во твојот перформанс

Платен слободен ден за роденден

Сакаме да си поминеш убаво за твојот роденден и да го прославиш со луѓето што најмногу ти значат. Те честиме слободен ден за роденден...

Можност за релокација во нова канцеларија/нов пазар

Имаш право на работиш во нова канцеларија или нов пазар, согласно отворањето на истите.

Професионален развој за вработени

Учењето создава нови перспективи, ја зголемува твојата експертиза и компетенции и ти дава доверба и кредибилитет. Затоа, континуирано ќе вложуваме во твојата обука и професионален развој, ќе го поддржиме процесот на твојата официјална сертификација или неформален тренинг.

Попусти за академии и курсеви

Освен што се грижиме за твојот професионален развој, ќе ти доделиме попусти за уписи на академии и курсеви и за членовите на твоето семејство.

Тим билдинг настани

Неколку пати годишно организираме настани за дружење и креирање спомени.

Систем за дополнително наградување

Со системот за парично/непарично наградување на предавачи го цениме твојот труд и посветеност.

Вмрежување – дел од заедница на глобално ниво

Ќе станеш дел од огромна заедница на тренери на глобално ниво, ќе имаш пристап до глобални настани и конференции, како и можност да бидеш говорник на такви настани.

Професионален развој на предавачи

Постојано ти се достапни обуки за континуиран професионален развој како тренер и ИТ професионалец, согласно плановите за развој.

Бесплатни лиценци и официјална сертификација
Меѓународно признаени титули
Пристап до бесплатни ресурси како Azure Subscrpition, Serial numbers, demos, лиценци итн.
Можност да реализираш обуки насекаде низ светот
Попусти за академии и обуки

Освен што се грижиме за твојот професионален развој, ќе ти доделиме попусти за уписи на академии и обуки и за членовите на твоето семејство.

Тим билдинг активности

Неколку пати годишно организираме настани за да се дружиме надвор од работното место и заедно да креираме спомени.

Referral fee

Како предавач во Семос Едукација може да препорачаш кандидат за потенцијален предавач, за области за кои во моментот има потреба и за тоа ќе добиеш надомест.

Систем за дополнително наградување

Постои систем за дополнително парично и непарично наградување за нашите предавачи.

Вредности

Клиентите на прво место

Ги разбираме потребите на нашите клиенти и и ги прилагодуваме нашите услуги на нивните потреби и искуство посветувајќи се на создавање на нивниот успех.

Еден тим

Веруваме во тимската работа и меѓусебната соработка, во можноста да се ослободат креативните идеи кога се работи во тим и во важноста од индивидуалните придонеси.

Знаење

Неуморно ги следиме промените, развојот и врвните достигнувања во ИТ индустријата со цел да останеме релевантен фактор и значаен играч на полето на испорачување ИТ обуки.

Иновативност

Остануваме отворени за идеи што ги предизвикуваат конвенционалните погледи на свет и ја движат иновативноста. Се стремиме кон тоа да ги редефинираме стандардите на првокласност во се што правиме.

Вредно работење

Работиме вредно и заедно за да ги реализираме нашите цели и секогаш бараме поефективни и поефикасни начини да соработуваме помеѓу себе, со нашите клиенти и бизнис партнери.

Етика

Постојано се стремиме кон тоа да ги одржиме највисоките професионални и етички стандарди во нашата работа и ригирозно се грижиме за нашиот професионален интегритет.

Помагаме

Служиме и си помагаме едни на други, тежнееме кон баланс помеѓу резултатите на нашата компанија и напорите за подобро општество и животната средина.

Креативност

Секогаш бараме подобри начини за работа и го поттикнуваме креативниот потенцијал и индивидуалната експресија на нашите вработени.

Извонредност

За цело време испорачуваме обуки со највисок квалитет верувајќи во тоа што го правиме и дека вредноста на нашата работа ја гарантира нашата посветеност.

Одличен квалитет

Партнери сме со најпрестижните IT брендови. Имаме тим на врвни предавачи кои го пренесуваат своето знаење според највисоките IT стандарди.

Ова сме ние

Вредни, успешни, први за дружба во секое време и секогаш подготвени да ги запознаеме нашите нови колеги.
  • Сите
  • Дружења
  • Работа

Скопски маратон

Staff Meeting

Train the trainer

Movember

Movember

Movember

Semos's kids

Secret Santa

Награда за иновативност 2022

Изработка на годишниот план за работа

Конференција

Secret Santa

Кога споделуваме, создаваме двојно повеќе!

Што значи да се биде дел од тимот на Семос Едукација?

Ирена Ивановска

Ирена Ивановска

Сениор директорка

Тука сум 24 години и чест ми е што сум дел од Семос Едукација, првиот и најголем ИТ едукативен центар во државата. Ја сакам мојата работа затоа што имам можност секојдневно да бидам во контакт со паметни луѓе од целиот свет. Тренерите ми се мотивација, а задоволните клиенти – двигател.

Симона Миладиновска

Симона Миладиновска

Помлад раководител за продажба во ISTQB и Android оддел

Енергијата за мене е многу важна. Среќа е да работиш на место каде колегите ти се продолжено семејство, канцеларијата – втор дом, а насмевките присутни при секојдневната комуникација. Благодарна сум за своите колеги и за можноста да работам рамо до рамо со вакви исклучителни луѓе.

Бобан Крстев

Adobe Certified Instructor

Она што нè прави посебни сме ние – вработените, тренерите, целиот тим. Врвни професионалци, исклучителни индивидуи собрани заедно на едно место за да го создадеме совршениот тим!

Василија Узунова

Oracle Certified Instructor

За мене немаше друг избор освен Семос Едукација. Сакам да бидам дел од најдобрите, сакам да го споделам своето знаење во компанија која е светска, а наша.

Валентина Тасева

Генерален директор на Семос Едукација

Тимот кој победува не се менува, а јас сум повеќе од горда на тимот на Семос Едукација. Моите колеги се професионалци кои неуморно, секој ден го споделуваат своето знаење со сите слушатели, не само од државата, туку и од светот.

Кон што се стремиме?

мисија

Мисија

  • Скалабилна обука, секогаш во согласност со развојот на информационата технологија.
  • Партнер на најголемите светски компании со развиени курикулуми за учење.
  • Следење на трендот на сертификација и вклучување во сите нови меѓународни мрежи за сертифицирање од областа на компјутерската едукација, но и од други области.
  • Проширување на областите на едукација, со динамика диктирана од развојот на општеството.
  • Освен компјутерската едукација развивање нови сервиси и услуги за своите клиенти, како на пример е-поддршка и IT консалтинг.

визија

Визија

  • Испорачување услуги кои ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти.
  • Присуство на глобалниот пазар.
  • Обезбедување на супериорна едукација.
  • Секогаш во тек.
  • Имплементација на високи стандарди.
  • Постојано воведување иновации.

НАШИОТ ТИМ

Запознајте го HR тимот на Семос Едукација

Анче Атанасова

Директор на одделот за човечки ресурси

Ивана Чиплаковска

Менаџер на Кариерниот центар и Одделот за човечки ресурси во Семос Едукација, Србија

Драгана Митовска Николовска

Асистент за човечки ресурси

Сања Кутаноска

Специјалист за човечки ресурси

Контакт

Јави ни се или пиши ни доколку имаш некое прашање.

Локација

бул.Кузман Јосифовски Питу бр.19/8

Мејл

kariera@semos.com.mk

Телефон

+389 2 3130 900