Краток преглед
- Позиција: Административен асистент
- Часови: Полно работно време, работа во смени
За позицијата
Семос Едукација е најголемиот центар за ИТ едукација во регионот, со повеќе од 30 години искуство во развој на професионалци, компании и институции.
Во моментов бараме Тренинг Асистент кој ќе биде клучна поддршка во организацијата и реализацијата на обуки, академии, сертифицирани програми и едукативни проекти.
Доколку сте организирана личност, уживате во комуникација со луѓе, внимавате на детали и сакате динамична работна средина во која секој ден носи нови предизвици, ова може да биде вистинската можност за вас. Позицијата подразбира тесна соработка со продажниот тим, предавачите, слушателите и останатите оддели со цел да се обезбеди врвно искуство за нашите клиенти и учесници на обуките.
Што ќе работите:
- Организација и координација на обуки, академии и едукативни програми.
- Комуникација со слушатели, предавачи и компании пред, за време и по завршување на обуките.
- Подготовка и испраќање на потребни информации, инструкции, документи и едукативни материјали.
- Креирање и ажурирање на тренинзи, групи и податоци во CRM системот.
- Резервација и координација на училници, предавачи и останати ресурси за реализација на наставата.
- Административна поддршка при подготовка на понуди, тендери и јавни набавки.
- Прием и пречек на клиенти, слушатели и деловни партнери, обезбедување на потребните информации и нивно навремено насочување до соодветните колеги.
- Управување со фискална каса, евиденција и наплата на обуки, испити и други услуги и продукти на Семос Едукација.
- Подготовка на профактури, следење на уплати и комуникација со клиенти поврзана со административниот дел од продажниот процес.
- Следење на евалуации, подготовка на извештаи и поддршка во процесите за обезбедување квалитет.
- Организација на испити, сертификати, дипломи и останата документација поврзана со образовниот процес.
- Поддршка на продажниот тим и грижа за позитивно искуство на клиентите и слушателите.
- Соработка со различни оддели во компанијата со цел обезбедување навремена и квалитетна реализација на сите едукативни активности.
Напомена: Работата се организира во две смени, од 08:00 до 16:00 часот и од 14:00 до 22:00 часот, со неделна ротација помеѓу членовите на тимот. Поради потребите на работниот процес во детскиот едукативен центар, за време на учебната година (септември – јуни) работните денови може да бидат распоредени од вторник до сабота, при што понеделник е слободен ден. Позицијата подразбира работа на рецепциски пулт, директна комуникација со клиенти и посетители и секојдневно присуство во канцеларија.
Ваш профил
- Минимум средно или средно стручно образование (ССС);
- Најмалку 2 години искуство на слична позиција (позиција која вклучува администрација, координација и организација), искуство во ИТ-индустријата ќе се смета за предност;
- Активно користење на Microsoft Office (Word, Excel, Outlook, Teams);
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлични организациски и административни способности;
- Способност за паралелно управување со повеќе активности и рокови;
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
- Високо ниво на одговорност, прецизност и внимание на детали;
- Способност за тимска работа и проактивен пристап кон решавање на проблеми.
Ние нудиме:
- Можност да бидете дел од водечка компанија за ИТ едукација во регионот;
- Можност за професионален развој и континуирано учење;
- Работа со врвни предавачи, експерти и компании од различни индустрии;
- Слободен ден за роденден;
- Попусти на обуки во Семос Едукација за вас и членовите на вашето семејство;
Испратете го вашето CV на kariera@semos.com.mk со назнака: „Административен асистент“
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
За нас
Во Семос Едукација ќе работите со повеќе од 300 креативни, мотивирани и посветени професионалци кои секојдневно придонесуваат кон развојот на знаењето и вештините на поединци и организации.
Со повеќе од 30 години искуство, канцеларии во Скопје и Белград и присуство на повеќе пазари, Семос Едукација е еден од водечките провајдери за ИТ обуки во Југоисточна Европа. Компанијата е партнер на најголемите светски технолошки брендови и членка на LLPA (Leading Learning Partners Association), организација присутна во повеќе од 55 земји ширум светот.
Споделуваме знаење во: Норвешка | Шведска | Финска | Данска | Холандија | Белгија | Германија | Естонија | Кралство Саудиска Арабија | Малта | Шпанија | Италија | Унгарија | Полска | Романија | Македонија | Србија | Црна Гора | Словенија | Босна | Хрватска | Бугарија | Албанија | Косово
Аплицирај