Ивана Чиплаковска е дипломиран психолог со повеќегодишно искуство во областа на човечки ресурси. До неодамна работеше како Менаџер на Кариерниот центар во Семос Едукација во Македонија, а во моментов работи како Менаџер на Кариерниот центар и Одделот за човечки ресурси во тимот на Семос Едукација во Србија.
Својата експертиза во областа ја изгради во соработка со големи компании од различни области, а моментално во нејзиниот фокус е IT индустријата. Нејзината мисија е да им пружи можност на слушателите на обуки и Академии во Семос Едукација да започнат кариера во IT секторот, а од друга страна да ги поддржи компаниите во наоѓање на квалификувани кадри – членови на нивните тимови.
Ивана ја сака работата со луѓе, а она што најмногу ја исполнува е сознанието дека има позитивно влијание врз нечиј живот и кариерен напредок.