Краток преглед
- Позиција: Проектен асистент
- Искуство: Познавање од софтвери за проект-менаџмент се смета за предност
За работата
Ако си ентузијаст, сакаш предизвици и сакаш да работиш во интернационално опкружување, на нови и иновативни проектни активности во делот на ИТ со светски познати софтверски компании, тогаш си perfect match за нашата отворена позиција - Проектен асистент
Твоите задачи:
- Развивање, аплицирање и имплементирање на проектни активности во рамки на проектната канцеларија на Семос Едукација
- Следење и аплицирање на повици од домашни и меѓународни донатори, владини институции и дипломатски претставништва
- Подготовка на проектни апликации и тендерска документација
- Комуникација со постоечки донатори и соработници и обезбедување дополнителни информации за извори на финансиски средства за проектни идеи поврзани со едукација и примена на основни и напредни ИТ вештини
- Активно учество во процесот на организација, имплеметација, испорака на проектни резултати и постигнување на проектните цели
- Искуство во подготовка на финансиски и наративни извештаи за потребите на проектната канцеларија
- Други дополнителни активности кои се поврзани со работата на проектната канцеларија.
Кој/а си ти:
- Најмалку 2+ години искуство во спроведување на ЕУ и проекти од други донатори
- Високо образование (е-бизнис, eкономија, претприемништво, или ИТ ќе се смета за предност)
- Солидно познавање на Microsoft Office Suite
- Познавање од софтвери за проект-менаџмент се смета за предност
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик, усна и писмена комуникација
- Познавање на српски или албански јазик се смета за предност
- Одлични организациски вештини
- Возачка дозвола ( Б-категорија)
Ние нудиме:
- Можност за личен и професионален развој
- Работа со современи технологии
- Интересна и динамична работа
- Флексибилни работни часови и можност за работа од дома
- Попусти на курсеви за вработениот и членови на неговото семејство
- Можност за патување во странство
- Бонуси базирани на перформанс
Испрати ни го своето CV на https://hr.semosedu.com/ со наслов: Апликација за работно место - Проектен асистент
Само оние апликации кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани
За нас
Во Семос Едукација ќе работиш со 200 креативни, паметни и добри луѓе, на проекти кои ќе те мотивираат да го ослободиш целиот свој потенцијал.
Дај ни можност да ти ја раскажеме нашата приказна!
Семос Едукација (www.semosedu.com) е водечки цетар на учење во Западен Балкан. Поставуваме висококвалитетни стандарди во индустријата за обука повеќе од 28 години, обезбедувајќи официјална обука за најголемите светски софтверски компании. Со текот на годините, го поддржувавме учењето на различни организации и поединци, обезбедувајќи обуки низ регионот на ЈИЕ, Северна Европа и Блискиот Исток. Нудиме различни сертифицирани обуки од различни продавачи, како што се Microsoft, Cisco, Oracle, Java, VMware, EC-Council, ISTQB, Scrum, Adobe, Autodesk, Unity и AWS. Покрај официјалното образование, нудиме и прилагодени обуки за различни информатички технологии, кои вклучуваат Angular, React, Vue, Go, Python, HTML/CSS, PHP, програмирање во C, C++ итн.
Нашите канцеларии се лоцирани во Скопје и Белград.
Семос Едукација служи како едношалтерски систем за обука за ИТ, што значи дека организацијата или поединецот може да ги најде сите курсеви што им се потребни за нивниот професионален развој. Семос Едукација е член на LLPA (Асоцијација на водечки партнери за учење) глобална организација со присуство во повеќе од 55 земји.
Споделуваме знаење во: Норвешка | Шведска | Финска | Данска | Холандија | Белгија | Германија | Естонија | Кралство Саудиска Арабија | Малта | Шпанија | Италија | Унгарија | Полска | Романија | Македонија | Србија | Црна Гора | Словенија | Босна | Хрватска | Бугарија | Албанија | Косово
Аплицирај