Краток преглед
- Позиција: Тренер за Microsoft Azure Data Scientist (DP-100)
- Часови: Хонорарно
- Искуство: Поседување на сертификат Microsoft Certified: Azure Data Scientist Associate
За работата
Како Microsoft сертифициран тренер ти ќе бидеш личноста која ја обединува технолошката визија, го споделува своето знаење и искуство со организации и индивидуалци насекаде низ светот, ги учиш и ги охрабруваш нив да ги постигнат своите цели.
Ние ќе ти помогнеме да станеш технички подготвен тренер за да можеш да испорачуваш дигитални обуки, а ТИ ќе им помагаш на нашите слушатели да се здобијат со вистинските ИТ вештини кои ќе им овозможат успех.
Ако веќе си ентузијаст за технологија и мотивирање на другите, ако ја цениш можноста да помогнеш во развојот на тоа што значи да се биде вешт и да се научи вештина , тогаш останува само да аплицираш и да ни помогнеш да ја охрабриме секоја организација и поединец да постигне повеќе.
Семос Едукација бара талентирани и квалификувани професионалци за позицијата на хонорарен предавач за Microsoft официјалните курсеви – Microsoft Azure Data Scientist (DP 100).
Твоите задачи:
- Испорака на Microsoft тренинзи за студенти и професионалци;
- Постојано надоградување на знаењето и сертификацијата.
Ние нудиме:
- Можност за личен и професионален развој;
- Можност за постојано надоградување со присуство на курсеви и здобивање на сертификации;
- Работа со модерни технологии;
- Интересна и динамична работа;
- Домашни и интернационални конференции;
- Патување во странство.
Кој/а си ти:
- Поседуваш високо образование од областа на компјутерски / информатички науки;
- Поседување на сертификат Microsoft Certified: Azure Data Scientist Associate;
- Напредно познавање и искуство во креирање на предиктивни модели со користење на Azure сервиси за Data Science (Azure Machine Learning Studio);
- Напредно познавање и искуство во креирање на предиктивни модели со користење на Python (библиотеки: matplotlib, seaborn, pandas, NumPy, sklearn, PyTorch… );
- Познавање на Jupyter Notebook;
- Познавање на Hadoop и GitHub;
- Презентациски и комуникациски вештини;
- Ефикасност и организација;
- Иницијатива, посветеност и тимски дух;
- Желба и способност за пренос и споделувањ на знаење;
- Одлично познавање на англиски јазик.
Испрати ни го своето CV на https://hr.semosedu.com/ со наслов: Апликација за работно место - специјалист за продажба.
Добиваш:
- Можност да станеш дел од елитната заедница на MCT и да добиваш поддршка од дирекцијата на МCT во врска со последните и најнови вести, поврзување со МCT насекаде низ светот, или помош од Регионалниот претставник на MCT;
- Задоволувачки приход;
- Голем попуст на испити, практични испити, книги и електронски книги;
- Пристап до алатки и ресурси за испорака на тренингот за да може понатамошно да ги развиваш своите технички и наставни вештини;
- Признание од твоите колеги;
- Ќе бидеш прв во пристапот кон нови технологии
За нас
Во Семос Едукација ќе работиш со 250 креативни, паметни и добри луѓе, на проекти кои ќе те мотивираат да го ослободиш целиот свој потенцијал.
Дај ни можност да ти ја раскажеме нашата приказна!
Семос Едукација (www.semosedu.com) е водечки цетар на учење во Западен Балкан. Поставуваме висококвалитетни стандарди во индустријата за обука повеќе од 29 години, обезбедувајќи официјална обука за најголемите светски софтверски компании. Со текот на годините, го поддржувавме учењето на различни организации и поединци, обезбедувајќи обуки низ регионот на ЈИЕ, Северна Европа и Блискиот Исток. Нудиме различни сертифицирани обуки од различни продавачи, како што се Microsoft, Cisco, Oracle, Java, VMware, EC-Council, ISTQB, Scrum, Adobe, Autodesk, Unity и AWS. Покрај официјалното образование, нудиме и прилагодени обуки за различни информатички технологии, кои вклучуваат Angular, React, Vue, Go, Python, HTML/CSS, PHP, програмирање во C, C++ итн.
Нашите канцеларии се лоцирани во Скопје и Белград.
Семос Едукација служи како едношалтерски систем за обука за ИТ, што значи дека организацијата или поединецот може да ги најде сите курсеви што им се потребни за нивниот професионален развој. Семос Едукација е член на LLPA (Асоцијација на водечки партнери за учење) глобална организација со присуство во повеќе од 55 земји.
Споделуваме знаење во: Норвешка | Шведска | Финска | Данска | Холандија | Белгија | Германија | Естонија | Кралство Саудиска Арабија | Малта | Шпанија | Италија | Унгарија | Полска | Романија | Македонија | Србија | Црна Гора | Словенија | Босна | Хрватска | Бугарија | Албанија | Косово
Аплицирај