Анче Атанасова е директор на одделот за човечки ресурси во Семос едукација од 2021 година. Претходно беше дел од тимот во Србија како менаџер за човечки ресурси во нашата канцеларија во Белград, Србија. Како искусен директор за човечки ресурси, го демонстрираше своето работно искуство во индустријата за информатичка технологија. Вешта во преговарање, аналитички вештини, консалтинг за човечки ресурси, комуникација и градење тим. Силен професионалец со завршени магистерски студии за човечки ресурси при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, на смерот управување со човечки ресурси и услуги.
Како менаџер на Кариерниот центар во нашата компанија, воведе многу новини вклучувајќи: стратешко планирање, преговарање и развој на деловни односи со соработници и други организации, управување со процесот на регрутирање и селекција за компании (идентификување соодветни кандидати и апликации за работа како и спроведување интервјуа), помош на студентите во нивните активности при барање работа, вклучувајќи подготовка на биографија и вештини за интервјуирање.
Анче има огромно искуство во обука и регрутирање. Таа се грижи за вработените и за нашите тренери. Пронаоѓањето на нови тренери и одржувањето на личен однос со нив е една од најуспешните особини што таа ги поседува.