Краток преглед
- Позиција: Хонорарен предавач за MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Часови: Желба и способност за пренесување и споделување на знаење.
- Искуство: 1+ година работно искуство со MS Office
Твоите задачи:
- Одржување на обуки на деца и млади;
- Развој на наставна програма со употреба на иновативни и интерактивни методи на предавање;
- Перманентна надградба на знаења и сертифицирање;
- Посветеност и етичко работење
Како меѓусебно се надополнуваме?:
Како предавач за MS Office ќе бидеш личноста која ја обединува технолошката визија, го споделува своето знаење и искуство со организации и индивидуалци насекаде низ светот, ги учиш и ги охрабруваш нив да ги постигнат своите цели.
Ние ќе ти помогнеме да станеш технички подготвен тренер за да можеш да испорачуваш дигитални обуки, а ТИ ќе им помагаш на нашите слушатели да се здобијат со вистинските ИТ вештини кои ќе им овозможат успех.
Ако веќе си ентузијаст за технологија и мотивирање на другите, ако ја цениш можноста да помогнеш во развојот на тоа што значи да се биде вешт и да се научи вештина, тогаш останува само да аплицираш и да ни помогнеш да ја охрабриме секоја организација и поединец да постигне повеќе.
Потребни квалификации
- Завршено високо образование – ВСС;
- 1+ година работно искуство со MS Office;
- Поседување на Microsoft Office Specialist сертификат, ќе се смета за предност;
- Презентациски и комуникациски вештини;
- Ефикасност и организираност;
- Самоиницијатива и посветеност;
- Желба и способност за пренесување и споделување на знаење.
Ние нудиме:
- Можност за личен и професионален развој;
- Можност за постојано усовршување со посета на курсеви и сертифицирање;
- Можност за патување во странство.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови може да го испратат своето CV со назнака “Хонорарен предавач за MS Office“ на следната е-маил адреса: kariera@semos.com.mk.
За нас
Во Семос Едукација ќе работиш со 250 креативни, паметни и добри луѓе, на проекти кои ќе те мотивираат да го ослободиш целиот свој потенцијал.
Дај ни можност да ти ја раскажеме нашата приказна!
Семос Едукација (www.semosedu.com) е водечки цетар на учење во Западен Балкан. Поставуваме висококвалитетни стандарди во индустријата за обука повеќе од 29 години, обезбедувајќи официјална обука за најголемите светски софтверски компании. Со текот на годините, го поддржувавме учењето на различни организации и поединци, обезбедувајќи обуки низ регионот на ЈИЕ, Северна Европа и Блискиот Исток. Нудиме различни сертифицирани обуки од различни продавачи, како што се Microsoft, Cisco, Oracle, Java, VMware, EC-Council, ISTQB, Scrum, Adobe, Autodesk, Unity и AWS. Покрај официјалното образование, нудиме и прилагодени обуки за различни информатички технологии, кои вклучуваат Angular, React, Vue, Go, Python, HTML/CSS, PHP, програмирање во C, C++ итн.
Нашите канцеларии се лоцирани во Скопје и Белград.
Семос Едукација служи како едношалтерски систем за обука за ИТ, што значи дека организацијата или поединецот може да ги најде сите курсеви што им се потребни за нивниот професионален развој. Семос Едукација е член на LLPA (Асоцијација на водечки партнери за учење) глобална организација со присуство во повеќе од 55 земји.
Споделуваме знаење во: Норвешка | Шведска | Финска | Данска | Холандија | Белгија | Германија | Естонија | Кралство Саудиска Арабија | Малта | Шпанија | Италија | Унгарија | Полска | Романија | Македонија | Србија | Црна Гора | Словенија | Босна | Хрватска | Бугарија | Албанија | Косово
Аплицирај