За работната позиција:
- Позиција: Тренинг асистент
- Искуство: 2+ години искуство на слична позиција (ИТ индустријата е предност).
За работата:
Во Семос Едукација, успехот на нашата приказна започнува со луѓето што ја креираат. Во моментов, бараме динамичен и организиран Тренинг Асистент кој ќе биде клучна поддршка за организација и управување на нашите обуки. Ако сакаш да бидеш дел од тим кој работи со глобални партнери и најпознатите светски IT брендови, ова е твојата можност!
Дали си ти нашиот иден колега?
- Минимум средно образование (ССС).
- 2+ години искуство на слична позиција (ИТ индустријата е предност).
- Одлично познавање на англиски јазик.
- Highly organized and efficient.
- Possess a B category driver’s license with active driving experience
Како ќе изгледа твојот работен ден?
- Работата се одвива во две смени:
- Прва смена: 09:00 – 17:00
- Втора смена: 14:00 – 22:00 (со неделна ротација).
Понекогаш може да се работи во сабота, но понеделник ќе биде твој слободен ден.
Што ќе правиш како Тренинг Асистент?
- Организирање тренинг сесии согласно насоките на вендорот.
- Креирање распореди и координирање со тренерите.
- Извршување административни задачи поврзани со програмите за обука.
- Подготовка на извештаи за евалуација и одржување прецизни записи.
- Подготвување документација за тендери и креирање понуди за компании и јавни институции по потреба.
- Градење позитивен имиџ на компанијата преку промовирање на извонредни услуги.
Што ти нудиме?
- Можности за личен и професионален развој
- Бесплатни курсеви според експертизата на вработениот
- Дополнителен слободен ден за роденден
- Попусти на курсеви за вработениот и членовите на неговото семејство
- Бонуси врз основа на перформансот на вработениот
Аплицирај сега!
Испрати CV на elena.anastasova@semos.com.mk со наслов: Апликација за Тренинг Асистент.
*Само кандидатите што влегуваат во тесен круг ќе бидат контактирани.
За Семос Едукација:
Семос Едукација се состои од над 350 креативни, интелигентни и мотивирани поединци кои ќе ве инспирираат да го постигнете вашиот целосен потенцијал. Со 30-годишно искуство како водечки провајдер за обуки во Западен Балкан, поставуваме високи стандарди за квалитет во индустријата од областа на едукација. Нудиме официјални обуки за најголемите софтверски компании, поддржувајќи организации и индивидуалци во регионот на Југоисточна Европа, Северна Европа и Блискиот Исток. Нашата палета на сертифицирани обуки вклучува Microsoft, Cisco, Oracle, Java, VMware, EC-Council, ISTQB, Scrum, Adobe, Autodesk, Unity, AWS, CertNexus. Покрај официјалното образование, обезбедуваме и прилагодени обуки во различни информации технологии како Angular, React, Vue, Go, Python, HTML/CSS, PHP, Programming in C, C++, итн.
Нашите канцеларии се наоѓаат во Скопје и Белград, Семос Едукација е и горд член на LLPA (Leading Learning Partners Association), глобална организација, присутна во повеќе од 55 земји.
Споделуваме знаење во:
Норвешка | Шведска | Финска | Данска | Холандија | Белгија | Германија | Естонија | Саудиска Арабија | Малта | Шпанија | Италија | Унгарија | Полска | Романија | Македонија | Србија | Црна Гора | Словенија | Босна | Хрватска | Бугарија | Албанија | Косово
Придружи ни се и инспирирај се со знаењето кое го споделуваме на светско ниво!
Apply Now