Како дојде до работа/ангажман како предавач во Семос Едукација?
Како предавач во Семос Едукација бев ангажиран по успешен scouting од страна на HR тимот и секако благодарение на моето знаење, искуство и желбата да го споделам знаењето со студенти.
Омилен дел од искуството како предавач?
Пред да ја започнам кариерата како тренер, не размислував дека би се пронашол во таква општествено одговорна работа, но во пракса се случи спротивното. Навистина уживам да споделувам знаење со другите и да ги насочувам да постигнат поголем кариерен успех.
Технички вештини на кои си најмногу горд и најмногу ти користат во работата?
Со оглед на тоа што во досегашната IT кариера работам како Backend developer, дефинитивно секоја од технологиите кои ги применувам, како што се Microsoft Dynamics AX / 365, PHP и Laravel, Node.js, Docker и сите останати кои се провлекле во барем мал дел од кариерата или за време на моите студии.
Вештини кои треба да ги поседува еден успешен предавач?
Овде би ги издвоил комуникациските, презентациските и лидерските вештини, како и толерантноста, позитивниот дух и емпатијата кои се клучни за работа со студенти.
Сподели ни интересна случка за време на предавањата.
За време на едно предавање поврзано со користење на надворешни алатки, пробувавме да се регистрираме на страната која истите ги нуди, но постојано безуспешно порани фидбекот дека лозинката со која се регистрираме е премногу лесна/кратка. На крајот од часот сфативме дека проблемот бил во сосема друго поле за кое страницата не нè известуваше дека е потребно да се пополни.
Сподели ни студентски фидбек кој најмногу ти значи.
Најголем предизвик, а воедно и успех за еден предавач е стекнувањето доверба и заинтересираност кај студентите. Причина плус е позитивниот фидбек кој го добивам во однос на начинот на кој им го предавам материјалот и интересните домашни задачи кои ги добиваат.
Што најмногу ти се допаѓа во работата како предавач во Семос Едукација?
Во работата како предавач најмногу ми се допаѓа тоа што можам да го пренесам своето знаење и искуство на студентите за нивен понатамошен кариерен раст. На тој начин, заедно со Семос Едукација, заеднички градиме квалитететен кадар за македонскиот IT сектор.
Што би им препорачал на идните колеги предавачи во Семос Едукација?
Да бидат иновативни во своите предавања, да ги следат трендовите во областа која ја предаваат и да бидат посветени на успехот на студентите.
Колку се применува work life balance во твојата работа како предавач?
Мојата работа како предавач е секундарна и позитивно го исполнува моето време после примарната работа. Дефинитивно, начин да се одржува моето моментално теоретско и практично знаење и да се биде во тек со најновите технологии.
Што за тебе значи можноста да споделиш знаење и да промениш многу животи?
Исполнува фактот што го споделувам своето знаење и искуство со студентите и што им овозможувам, заедно со Семос Едукација, да изградат кариери кои ќе им ги променат животите на подобро.
Доколку си професионално љубопитен, имаш експертиза во некоја IT област, сакаш да бидеш дел од големо, меѓународно семејство и да имаш можност за меѓународна кариера, Семос Едукација is the place to be.
Аплицирај на hr.semosedu.com и стани наш колега.