Која е Сања професионално? Како дојде до ангажман како предавач во Семос Едукација?
Здраво, јас сум Сања Ташковска, Java Programmer, а во Семос Едукација се вработив преку колеги кои исто така работат како предавачи таму.
Омилен дел од искуството како предавач?
Надградување на знаењето, подобрување на когнитивните вештини, запознавање на нови прекрасни луѓе.
На кои технички вештини си најмногу горда и најмногу ти користат во работата?
Начинот на изразување, презентирање на знаење, дискусии поврзани со работата...
Кои вештини треба да ги поседува еден успешен JavaScript предавач?
Стручност и желба за споделување на знаење.
Сподели ни интересна случка за време на предавањата.
Со една од групите на кои што предавав доста се зближивме и неколку пати после предавање одевме на дружби во кафана 😊
Сигурни сме дека квалитетен предавач како тебе секојдневно добива позитивни коментари од студентите. Сподели ни студентски фидбек кој најмногу ти значи.
„Професорке, Ви благодарам најмногу за задачите од JavaScript, многу ми помогнаа до крајот на академијата и сега на работа”
Што најмногу ти се допаѓа од работата како предавач во Семос Едукација?
Надградување на знаењето е најголем бенефит според мене.
Што би им препорачала на идните колеги предавачи во Семос Едукација?
Бидете горди што го споделувате знаењето!
Work-life balance е еден од најважните концепти во секоја компанија. Колку се применува во твојата работа како предавач?
Со оглед на тоа дека модулите од JavaScript академијата не траат долг временски период, лесно е да се менаџира времето.
Нашето мото е „Споделуваме знаење.“ Што за тебе значи можноста да го споделиш своето знаење и да промениш многу животи?
Горда сум што во овие времиња го споделувам моето знаење и што им помагам на учениците во патот до градење на нова кариера.